Депај: Милан е клуб со голема историја

од Vladimir Zorba

Една од главните трансфер цели на Милан, Мемфис Депај, ги коментираше гласините на неговата адреса, кои го испраќаат следната сезона на „Сан Сиро“.

Напаѓачот на Лион учествуваше на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Холандија и Португалија, кој заврши 3:0 за „лалињата“, реализирајќи го првиот гол на натпреварот.

Холанѓанецот одговори на прашањето од колегите на „Евроспорт“ за неговата иднина, дефинирајќи го Милан како клуб со голема историја.

– Јас целосно се концентрирам на Лион. Јас живеам од ден на ден. Секое утро се будам и му благодарам на Бога за тоа што можам да го правам она што го сакам: да тренирам и да играм фудбал. Не е време да се зборува за тимови кои ме интересираат. Милан е голем клуб кој има голема историја, но има и многу други големи тимови, рече Депај

Слични содржини