Дерала кон СДСМ: Сите ние очекувавме да чекорите похрабро

од Vladimir Zorba

„Денеска сум тука и да му порачам на СДСМ: сите ние очекувавме да чекорите похрабро. Од вас очекуваме правда. Од МВРО видовме што можеме да очекуваме.“, изјави на денешниот марш за правда активистот Џабир Дерала.

Тој додаде и дека со сето разбирање за само 49-те пратеници во парламентарниот состав и со сето разбирање за насилството на 27 април, кое покажа дека режимот нема лесно да се предаде, за жестоката пропаганда и за опструкциите во преговорите и за овој и за многу други закони…Сепак, владејачката партија можела похрабро, подобро и побрзо.

– Сега и законот е тука. Нека биде тоа уште еден поттик, уште една гаранција за успех на правната држава. Нова енергија. Затоа, на овој ден, дојдов заедно со сите вас да чекорам за правда. Да ја земам пораката од законодавниот дом, од Собранието и да ја донесам тука, до судот. Да им порачам дека од денеска, судството има добар закон во своите раце и дека има слобода, но и обврска да постапува достоинствено, независно и професионално. Само така можеме да бидеме дел од Европа, како земја во која владее правото, а не тефтерчињата на МВРО и Сваровски судството. Кој сака нека е, власт или опозиција, богат или сиромашен, ако стори криминал, мора да се соочи со полната сила на законот. Амнестија – не. Правда – ДА!, вели Дерала.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини