Дерала: ВМРО-ДПМНЕ победува на избори, но не успева да формира Влада

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите со шест пратеници повеќе од СДСМ. Сепак, не успева да формира влада поради целосно нарушениот коалициски капацитет. Земјата тоне во општа несигурност и криза. Се спремаат нови избори кои се очекува да се одржат на почетокот на 2024 година, пишува новинарот Џабир Дерала, објави „Цивил Медиа“ во едно од сценаријата за Северна Македонија во 2023 година.

Според него, СДСМ носи одлука да прифати брзи предвремени парламентарни избори.

Во текстот се додава дека Владата е потресена од неуморната пропагандна активност од антизападните центри и инсталации.

-Во кревањето на тензиите и сеењето страв, недоверба и поделби неславна улога играат голем број медиуми и граѓански организации во кои има (про)руски инсталации, стои во анализата, при што се додава дека политичката атмосфера во земјата е крајно токсична, стои во анализата.

Слични содржини