Дерала: Во кампањата беше злоупотребена несреќата во тетовската болница и приемот на Авганистанците

од Nikola Popovski

Ова е најнесреќното време за владеење, вели новинарот и првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала за емисијата „Клик плус“.

-Од пандемијата до несреќата во тетовската болница, како и проблемот со Бугарија, вешто се искористуваа, смета тој.

Дерала додава дека во лошо време бил вметнат и пописот.

-Имаме ситуација во која спасувањето на Авганистанците беше оцрнето. Наместо да се влезе со солидарност за трагичната несреќа во Тетово, сето тоа беше злоупотребено, појаснува Дерала и додава дека да не било бугарското вето, ќе имала поинаква политичка и општествена клима во земјава.

Слични содржини