Дерала за Макрон: Деликатна, да не речам бизарна е неговата позиција

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател, би требало да знае дека неговите сограѓани нема ни да забележат дека ЕУ започнала преговори со две мали земји од кои едната е прашање дали има два милиони, а другата три милиони жители. – пишува Џабир Дерала во својата најнова колумна за Фронтлајн.

И Макрон сигурно добро знае дека недобивањето датум за Северна Македонија, а веројатно и за Албанија ќе значи политичка криза, а сосема можно и економска, па и безбедносна. Тој сигурно знае дека „жолтите елеци“ не се занимаваа(т) со прашањето на две трошни земји во големото 500+ милионско семејство (за еден процент од населението на ЕУ се работи). Не сакам да одам подалеку и да го потсетувам на измени во француското законодавство со кои директно се кршат човековите права, на ужасните услови во бегалските кампови, на полициските пречекорувања на овластувањата…- констатира Дерала.

Францускиот Број Еден знае и дека законот за ЈО не е направен и изгласан поради политичките структури што се во спрега со организираниот криминал во нашата земја. И судските реформи ги кочат истите тие на кои тој со своето противење им дава крилја. Тие, пак, одработуваат за супер сили што не ѝ мислат ништо добро на Европа која тој сака да ја води. Деликатна, да не речам бизарна е неговата позиција – може многу поголеми штети да ѝ направи токму на Европа и Франција, отколку што претпоставува. Не се сомневам дека и тоа го знае. Значи, не се Северна Македонија и Албанија во прашање. Друго е. Редно е да се биде европски искрен и чесен. – порачува Дерала.

Слични содржини