Дербито Барселона – Атлетико Мадрид заврши без победник

од Vladimir Zorba

 

Дерби натпреварот на 5.коло од Примера што синоќа се одигра на „Камп Ноу“ меѓу Барселона и Атлетико Мадрид заврши без победник 1:1.ftsb

Барселона поведе со голот на Иван Ракитиќ во 41.минута, а изедначи Анхел Кореа во 61.минута. Две минути пред изедначувањето поради поверда играта ја напушти Лионел Меси.

Претходно нерешено 1:1 на домашен терен одигра и Реал Мадрид со Виљареал.

Резултати на натпреварите од 5.коло:

Барселона – Атлетико Мадрид 1:1,
Реал Мадрид – Виљареал 1:1,
Селта – Хихон 2:1,
Гранада – Атлетик Билбао 1:2,
Реал Сосиедад – Лас Палмас 4:1,
Севиља – Бетис 1:0,
Малага – Еибар 2:1.

Вечерва се играат три натпревари:

Депортиво Ла Коруња – Леганес,
Осасуна – Еспањол и
Валенсија – Алавез.

Табела: Реал Мадрид 13 бодови, Севиља 11, Барселона 10, Атлетико Мадрид 9, Лас Палмас 9, Виљареал 9, Атлетик Билбао 9,/МИА

loading...

Слични содржини