Дерковски: Ако има обид да се наметне одлука за брзи избори, нема да ја прифатам

од Берта Китинска

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски во емисијата „Утрински Брифинг“ говореше за одржување на изборите и избирачкиот список каде потенцира дека тој како претседател на ДИК нема да потпише избирачки список кој нема да ја помине целата процедура за тој да биде прочистен и нема да обезбеди заштита на гласачкото право.

-Избирачкиот список се потпишува од сите членови на комисијата и од кога ќе се потпишат сите, тој се заклучува и со тој список се оди на избори. Избирачки список кој не би ја поминал целата процедура за да биде утврден прочистен, распоредени сите гласачи на своите места, да им се даде право на увид за да може да се заштитат и да обезбедиме заштита на гласачкото право пред надлежните судови, јас нема да потпишам, истакна претседателот на ДИК, Дерковски.

Слични содржини