Дерковски: Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ, но немам вмровски позиции за датумот за избори

од Nikola Popovski

„Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ, но немам вмровски позиции во поглед на датумот за избори“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски за емисијата „Вин вин“ на Телма ТВ.

Според него, сите ќе треба во ДИК да се погрижат и да го сменат имиџот на работата на Комисијата.

„Се надеваме дека ќе дојдеме до консензус во нашата работа иако сега е очигледно дека се врши притисок на Комисијата“, вели Дерковски.

За него, треба да се интервенира во избирачкиот список кај 7600 граѓани, односно да се запишта и корегираат нивните податоци преку подрачните одделенија на ДИК.

„Никому ништо нема да сменат 15-20 денови плус минус ако ДИК навремено ги добие податоците и си ја заврши својата работа“, дополнува тој.

Слични содржини