Дерковски: Продолжува лошата пракса на измени во изборниот законик

од Viktor Jovanov

Доколку денот се познава по утрото, може да претпоставивме какво ќе биде предизборието. Ние како орган ќе се потрудиме да ги организираме, во нашите надлежности, овие избори на најдобар можен начин. Но не секогаш таа организација зависи од ДИК. Ќе мора да се потрудат сите учесници во кампањата, односно политичките партии, да го направат истото за на 12 април да имаме еден изобрен ден кој би кажале дека е европски и сме постигнале една цел, а тоа се одлични избори кои би биле препорака кон ЕУ, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

-На некој начин продолжи лошата пракса да се носат измени на изборниот законик, ова е 34 измена на законикот. Тоа кажува дека е време да се доенсе нов изборен законик кој ќе ги регулира овие празнини во иднина за да може и на институциите да им овозможи да си ја работат работата. Вака остануваат недефинирани работи, па дури и се внесуваат нови забуни. Сметам дека политичарите во иднина не смеат да ја повторуваат оваа лоша пракса. Има време до наредните избори да си ја сработат работата, вели Дерковски.

Тој додава дека европска пракса е да не се прават измени барем половина година пред избори.

-Треба да се навикнеме навреме да ги носиме измените за да може добро да се вршат процесите.

Слични содржини