Десерт кој се прави за 60 секунди: Полнети урми

од Stefanija Kuzmanovska

Десерт кој се прави за 60 секунди.

Состојки:

– урми

– путер од кикирики

– ситно сечкани ореви или ф’стаци

– темно чоколадо, по желба

Подготовка:

Урмите исечете ги на половина, а потоа извадете ги семките.

Наполнете ја средината на урмата со една кафена лажичка путер од кикирики и сето тоа посипете го со ситно сечканите ф’стаци или ореви.

По желба, урмите можете да ги премачкате со темно чоколадо растопено на пареа.

Слични содржини