Десет години помлада од актерката: Поради оваа жена се разделија Меган Фокс и Машин Ган Кели (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Фокс и Машин Ган Кели ја раскинаа веридбата. Контроверзниот музичар и популарната актерка решија да стават точка на нивната љубовна приказна.

Како што се наведува, главната причина за нивната разделба била жешка русокоса од бендот на музичарот.

Раскинувањето на популарната двојка најпрво беше навестено на социјалните мрежи, каде Меган ги избриша заедничките фотографии, а потоа сподели слика со натпис „Го чувствувам непочитувањето/тоа е во твојот здив“, додека песната снимена од Бијонсе свиреше во позадина, во која го опиша неверството на Џеј Зи.

Како што многумина се сомневаа, главната причина за нивното раскинување е гитаристката Софи Лојд.

Софи по потекло е од Англија, има 26 години, а јавноста за неа дозна кога стана сензација на Јутјуб. Лојд најпрво сними кавери кои имаа голем број прегледи и со тоа го привлече вниманието на публиката, но и на колегите музичари. Во еден момент, таа доби покана од Кели да му се придружи на бендот на турнеја минатата година.

Слични содржини