Десетина Срби повредени во Косово, еден се бори за живот (ВИДЕО)

од Milan1

Десетици Срби се повредени, од кои еден се бори за живот, за време на судирот со припадници на косовска полиција во северниот дел на Косово.

Меѓу десетиците повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во операционата сала во Косовска Митровица. Директорот на болницата истакна дека бил погоден во градите и дека ќе му извадат куршум заглавен во белите дробови.

Утрово во северниот дел на Косовска Митровица, косовската полиција спроведе акција, при што Србите излегоа на улиците, а полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера.

Слични содржини