Десетици илјади излегоа на протести против Лукашенко

од Vladimir Zorba

Десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Минск на протест против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Демонстрантите излегоа на улиците и другите градови, а за денеска беше најавен голем национален марш „за слобода“.

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Минск во близина на споменикот „Минск-град херој“ во знак на протест против резултатите од претседателските избори, што ги освои Александар Лукашенко по шести пат, освојувајќи повеќе од 80 проценти од гласовите на гласачкото тело.

Луѓето се собраа во голем број, многу со деца и практично го блокираа сообраќајот на улиците околу Плоштадот на Херојот, јави ТАСС.

Во меѓувреме, Лукашенко одржа говор пред мал број негови приврзаници, во кои тој ги нарече своите политички противници „стаорци“ и побара да ја бранат независноста на Белорусија, јави Би-Би-Си.

Сепак, митингот на приврзаниците на Лукашенко се одржа веднаш откако Русија се согласи да обезбеди поддршка на Белорусија во случај на воена закана од странство, затоа што Лукашенко изрази страв дека НАТО ќе ги групира силите долж западните граници на Белорусија.

Слични содржини