Десетмесечно бебе позитивно на коронавирус со тешки компликации префрлено во Швајцарија

од Aleksandar Petrovski

Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести, објавува НОВА ТВ.

Според порталот, бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.

Фото: Нова ТВ

Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на ковид-19. Информацијата за НОВА ТВ ја потврди и д-р Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.
„Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата попладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за Ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, вели д-р Најдановска Алуловска.
По ова започнала борбата бебето да се одржи во живот и да биде префрлено во Швајцарија. За таа намена специјално бил отворен скопскиот аеродром и бебето заедно со медицински авионски транспорт, со таканаречена мини болница било префрлено во Клиничкиот центар во Цирих. Целата операција била организирана од страна на швајцарските власти.

Слични содржини