Дешан објасни зошто го игнорирал Жиру

од Vladimir Zorba

Селекторот на Франција, Дидие Дешан го појасни изборот на составот за претстојните натпревари во Лигата на нации и особено отсуството од списокот на напаѓачот на Милан, Оливие Жиру.

„Историјата покажа дека кога некој играч ќе го загуби статусот во репрезентацијата, но ќе продолжи да биде дел од тимот, многу тешко се справува со ситуацијата. И тука не зборувам конкретно за Жиру, бидејќи тоа им се случи на многу играчи. Докажаните играчи мора да играат важна улога, во спротивно ситуацијата може да доведе до негативни последици и за нив и за самиот тим“, изјави Дешан.

„Петлите“ го започнуваат походот во Лигата на нации со натпреварите против Данска на домашен терен и Хрватска како гостин. Потоа следува посета на Австрија и посета на Хрватска.

Слични содржини