Десничарските партии ќе освојат повеќе места на изборите во Шпанија

од Vladimir Zorba

Околу 37 милиони граѓани имаа право на глас за 350 членови на Конгрес и 208 сенатори на избори, што според анкетите, најверојатно, ќе се создаде поделен парламент, тврди шпанскиот весник „Ел Паис“.

Според макро-анкетата на државниот телевизиски радиодифузер РТВЕ, десничарските партии ќе ја поразат левицата на денешните генерални избори во Шпанија. Социјалистичката партија и „Подемос“ се очекува да изгубат места во споредба со изборите на 28 април, додека конзервативната Народна партија (НП) и екстремно десничарската партија „Вокс“ се очекува да остварат значителни придобивки. Најголем губитник е веројатно централно-десничарската партија „Граѓаните“, која може да изгуби до 40 места.

„Ќе се сретнеме со Социјалистичката партија. Секое обвинение е дел од минатото“, рече Пабло Иглесијас, лидер на „Подемос“, кој неуспешно се обиде да формира владејачка коалиција со Санчез по општите избори на 28 април.

Од 2017 година, шпанската политика е утврдена од недостаток на парламентарно мнозинство и неможноста на политичарите да формираат работни коалиции.

Резултати по изборите:

Социјалистичката партија -120 места (123 во април)
Народна партија – 87 (66)
„Вокс“ – 52 (24)
„Поддемос“ – 35 (42)
„Граѓаните“ 10 (42)

Слични содржини