Деспотоски: За неполни 5 години владата ја покачи минималната плата за 100%

од Nikola Popovski

Клучната вест од денес треба да биде дека за неполни 5 години, владата на СДСМ успеа да ја покачи минималната плата за 100%. Тоа беше изборно ветување во 2016 година и драго ми е што се испорача, смета директорот на ТИРЗ, Јован Деспотоски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, дискусија дали на граѓаните да им обезбедиме достоинствен живот можеме да водиме, меѓутоа одговорот треба да биде „апсолутно да“.

-Но и по 18.000 денари, за да стигнеме до повисок раст. Треба да одиме понатаму. Нашата определба е да. Државата има капацитет и ресурси, потенцира Деспотоски.

Слични содржини