Деспотовки: Во 2017 година имаше искршени глави во Собранието, затоа имаше помалку инвестиции

од Viktor Jovanov

Оставете ја минималната плата. Вие ветивте 30.000 денари просечна плата, а сега е 26.000 денари просечната плата, рече Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ. Директоротот на фондот за иновации и технолошки разој, Јован Деспотовски му возврати дека тоа е направено за 2 и пол години власт.

-Просекот ваш е 4,1% кај просечната плата. Просекот во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 5,6% раст во просечната плата“, рече Нелоски.

Деспотовски му возврати дека не може да споредува целото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кое според него било лошо, но бидејќи СДСМ е на власт две и пол години споредува ист период на владеење на двете партии. Економијата, вели директорот на ФИТР била лоша на почетокот зошто требало време да се стабилизира политичката ситуација во земјата, додавајќи дека ректо кој сакал да инвестира во земја каде во Собранието имало искршени глави.

-Дајте шанса да покажеме раст. Ние покажуваме, ама не можеме да решаваме и стабилност и спор со име и ЕУ и НАТО и економија. Ние работевме и во економијата и резултатите се видливи. Стапката на пораст во првите три години на ВМРО-ДПМНЕ е подобра отколку стапката на раст во првите три години на СДСМ, но во 2006 година имаше мирна промена на власт. Во 2017 година се знаеме како се смени власта, со случувањата во Собранието. Стабилноста во тие две години е неспоредлива, а тоа има влијание врз одлуката да се инвестира. Затоа велам дека влезот во НАТО ќе помогне за економијата. Не можете да ми кажете дека некој би сакал да инвестира во земјава, а гледавме скршени глави во Собранието“, рече Деспотовски.

Нелоски рече дека 2017 година била лоша година која сите сакаат да ја заборават, повторно споменувајќи го прогресивниот данок, кој според него покажувал дека во 2016 година биле излажани граѓани.

-Просечната плата е 26.000 денари за две години од мандатот. За се викате тргнете ги овие бројки, на крајот за што ќе дебатираме. Граѓаните очекуваат одговорна политика, дека тоа што сме го рекле ќе го направиме, но и искрена политика, дека не одиме со глава низ ѕид, рече Деспотовски.

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека му е смешно тоа дека опозицијата ја опструирала минималната плата.

-Јас како економист не можам да се согласам со начинот на кој се спроведува, но не значи дека сум против минималната плата. Не може да ги принудиме фирмите да даваат толкава плата. Ќе се случи да има намалувања на работни места или појавување на сива економија. Позитивно е што се намалува невработеноста, нешто што почна кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Она што е лошо е што се намалува продуктивноста, рече Нелоски.

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски рече дека приходите не се исти и дека има 3,6% раст, прашувајќи од каде е тој раст.

-Тоа не е раст од 1 или 2 проценти, од каде се овие бројки ако нема раст? За продуктивноста не би се сложил, не може да расте БДП а да се намалува продуктивноста. Имаме 22 потпишани договори и 12 отворени фабрики, вукпно 34. Од јуни 2013 до јули 2015 година имаме потпишани договори 7, а отворени фабрики 6, рече Деспотовски.

Слични содржини