Деспотовски: Имаме со што да се пофалиме, посветеноста во економијата на владата дава резултати

од Viktor Jovanov

Ефектите од посветеноста на владата во полето на економијата даваат резултати. Имаме со што да се пофалиме не само со почнати проекти, туку и со решенија кои веќе даваат резултати, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

-Јас останувам на мојот став. Не гледам никаков проблем ако како влада воведете мерка, ги согледате ефектите и ако нешто не се спроведе или не ги даде посакуваните резултати, го повлекувате. Мерката на прогресивен данок не е лоша мерка. Скандинавските земји го практикуваат. Можеби условите во оваа земја не се поставени за да се имплементира тоа. Ние дури сега зборуваме за сериозен економски раст, претходните гдодини зборувавме за непродуктивни трошења, фасади и така натаму, рече Деспотовски.

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека 2019 година била лоша економска година, а како една од причините наведе „пиши-бриши“ мерки, споменувајќи го прогресивниот данок.

-Девет месеци по започнувањето на мерката, таа беше укината без притоа некој да поднесе одговорност за тоа. Таа мерка донесе многу фирми да заминат од земјава, а ИТ секторот беше многу погоден од оваа мерка. Никаде не слушнавме одговор, што со последиците од таа мера, рече Нелоски.

Деспотовски вели дека не би се сложил дека е „пиши-бриши“ мерка, туку дека е доблесно да се признае грешка и да се повлече мерка ако не ги дала посакуваните резултати.

Слични содржини