Деспотовски не прифаќа министерска позиција

од Берта Китинска

Кандидатот за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски во вчерашното обраќање изјави дека неговиот „Концепт 28“ останува во партијата за да може да се искористи таму каде што има потреба.

„Искрени честитки за Таче, честитки за Фросина за машката борба. Таче ќе ја има обврската заедно со сите нас да се обидеме уште повеќе и уште подобро и да бидеме вистинска авангарда во регионот. Продолжувам со Концепт 28 и од утре од срце ќе продолжам да работам за партијата како обичен член“, рече Деспотовски.

Одговарајќи на прашањето дали би прифатил министерска позиција,Деспотовски кажа:

„Уште еднаш ќе повторам дека од утре сум повторно член на партијата. Не би прифатил друга позиција бидејќи во тркава за претседател не влегов поради некаков личен бенефит“.

Слични содржини