Деспотовски: Нема „криење“ од јавноста и пријателите, јавната или партиска функција не смее да не менува

од Берта Китинска

Кандидатот за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски во  својата програма  „Концепт 28“ предвидува воведување директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите.

-Носителите на јавни функции така ќе станат одговорни кон членството и граѓаните, а не кон лидерот. Направивме многу грешки во кадровската политика и ја добивме сметката на избори. Ги учиме лекциите од минатото, кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат. Нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите. Јавната или партиска функција не смее да не менува. Човек останува човек, напиша на Фејсбук, Деспотовски.

Слични содржини