Деспотовски: Ниски плати во индустриските зони, нема да се даваат повеќе субвенции

од Nikola Popovski

Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите.

– Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото, туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во рамки во македонската економија. Искрен да бидам за мене беше изненадувачки во негативна смисла тоа што технолошко напредни компании исплаќаат пониски плати во однос на останатите во рамки на економијата, истакна Деспотовски на денешната прес-конференција во Владата.

Деспотовски е дециден дека нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите во зоните да ги зголемат платите, туку преку програмата за специфични активности за развој на вештини ќе се поттикнува продуктивноста со што ќе се направи позитивен притисок врз компаниите да ги зголемат платите. Деспотовски вели дека се размислува во договорите да се предвидат посебни клаузили во кои роковите со кои инвеститорите се обврзани да ги исполнат своите обврски, да бидат автоматски пролонгирани доколку се случи одлагање на активностите по вина на државите институции или единиците на локална самоуправа.

Вториот проблем којшто се лоцира во работењето на компаниите во зоните се непополнетите работни места. Во моментов во ТИРЗ зоната работат 14.076 вработени, а според планот треба да има 21.370 вработени.
„Уште 7.300 луѓе треба да се вработат во зоните, а ние ќе ги мотивираме компаниите што брзо, па и предвремено, да ја реализиираат динамиката“, рече Деспотовски. Според директор на ТИРЗ, се развива и посебна мерка за поттикнување на динамиката на вработувања и зголемување на платите за 30 до 50 проценти до 2024 година.

loading...

Слични содржини