Деспотовски: Oд утре од срце ќе продолжам да работам за партијата како обичен член

од Берта Китинска

Димитар Ковачевски е избран за нов лидер на СДСМ на денешното вонредно внатрепартиско гласање.

Честитики за победата  искажаа и кандидатите Деспотовски и Ременски.

– Искрени честитки за Таче, честитки за Фросина за машката борба. Таче ќе ја има обврската заедно со сите нас да се обидеме уште повеќе и уште подобро и да бидеме вистинска авангарда во регионот.Продолжувам со Концепт 28 и од утре од срце ќе продолжам да работам за партијата како обичен член, – рече Деспотовски

Ременски му честиташе на Ковачевски за изборот, но и на Деспотовски со кого рече дека деновиве делеле идеи за обединување на СДСМ.

– Очекував поголема излезност на внатрепартиските избори. Но тоа е предизвик за сите нас, сето она што не сме го направиле во изминатиот период да го направиме подобро и да ги послушаме сите позитивни и негативни критики. Обединети заедно со Концептот 28 ќе го вратиме СДСМ на победничките шини – рече Ременски.

Таа рече дека ќе му го понуди својот критички однос на новиот лидер на СДСМ. А нејзината кандидатура имала симболика за „16 дена активизам“.

Кандидатот Јован Деспотовски освои 3.319 гласа, Фросина Ременски освои 2.836 гласа, а Ковачевски 37.649 гласа. Неважечки биле 602 ливчиња. На 194 места, вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ.

Слични содржини