Деспотовски: Разговараме со германска компанија за најголема странска инвестиција во историјата на Македонија

од Nikola Popovski

Еве имавме пред 2 недели, компанија од Јужна Кореја која е прва што дошла во С. Македонија и тоа е демант на обивнувањата на опозицијата дека сме немале странски компании и инвестиции во земјава, вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, важно е дека и компаниите што се тука не само продолжуваат да функционираат, туку и дополнително инвестираат и тоа го прават поради деловната клима што оваа влада ја креира, но и поради членството во НАТО.

-Разговаравме со германска компанија, која е веќе влезена тука во 2019 година и со кој ќе биде остварен најголем договор на странска инвестиција во земјава, воопшто во историјата. Она што сега го правиме во изминатите 9 месеци е квалитетниот пристап во однос на соседите. Не трчаме по секого и инсистираме на квалитетни инвестиции, потенцира Деспотовски.

Слични содржини