Деспотовски: Ситуацијата во СДСМ не е сјајна, Заев ќе подаде рака на оној кој ќе ја добие довербата

од Берта Китинска

Мојот план е  СДСМ да го зајакне и задржи приматот на водечка партија и да победи на парламентарните избори во 2024 година, вели во Утрински Брифинг, Јован Деспотовски кандидат за лидер на СДСМ.

-Мене животот ме научил дека многу малку работи се фер , пак сакам да верувам дека имаме широк потенцијал во партијата.Поддршката значи доста на крајот на денот Заев ќе се согласи со овој пристап којшто го имаме сите заедно за единството и на крајот ќе ја подаде раката и тој на оној кандидат кој ќе ја добие довербата на гласачите,, вели Деспотовски.

Тој објаснува дека по локалните избори ситуацијата во паритјата не е сјајна  и дел од луѓето не се чувствуваат комотно, но со кандидатурите забележано е мало радвижување.

-Не е сјајна состојбата во партијата. Лошиот резултат на локалните избори придонесе дел од луѓето да не се чувствуваат комотно. Но наша задача е токму низ еден ваков процес, со ваква дебата да ги поттикнеме луѓето и да ги вратиме назад. Да продолжи процесот на демократизација, систем во кој кандидатите за градоначалници и на совети ќе се бираат на избори во партијата за да избегнеме да не направиме грешки во изборот, рече Деспотовски.

Слични содржини