Деспотовски: Влегов во кандидатурата за претседател на СДСМ со срце, не за пазар

од Vladimir Zorba

Влегов во кандидатурата за претседател на СДСМ со срце, не за пазар. Останувам на истото место, со срце да придонесам за државата и СДСМ, особено почитувајќи ги принципите наведени во „Концепт 28“ – програма која беше широко прифатена и наиде на многу позитивни мислења од сопартијците, но првенствено и кај многу луѓе надвор од политиката, истакна директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, при гостувањето на радио мрежата Канал 77, откако во јавноста се појавија информации дека тој ќе биде идниот министер за одбарна.

Заедно со поранешната пратеничка Фросина Ременски, Деспотовски му беше противкандидат на Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ. Откако Ковачевски извојува победа, Деспотовски рече дека останува член но не се гледа како министер во идната влада.

Слични содржини