Актуелно
Почетна / Македонија / Деспотовски: За 4 милиони евра финансиска поддршка од државата се поттикнува инвестициски циклус од 14 милиони евра

Деспотовски: За 4 милиони евра финансиска поддршка од државата се поттикнува инвестициски циклус од 14 милиони евра

Првиот човекот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски за емисијата „Еуро фокус“ на Телма ТВ изјави дека имаме еден нов квалитет во плановите на економското заздравување.

„За едно евро кое што го заложува државата во приватниот сектор, дел од компаниите или приватниот сектор има капацитет да вложи две“, изјави тој.

Според него, за 4 милиони евра финансиска поддршка од државата во наредните 12 месеци се поттикнува инвестициски циклус во приватниот сектор од 14 милиони евра.

„Ова се проекти за технолошки развој, не се проекти за иновации. Технолошкиот развој значи набавка на нова технологија“, додава Деспотовски.

Тој на денешната прес-конференција претстави преку оваа институција ќе се доделуваат средства и од третиот пакет мерки за заздравување на економијата, додавајќи дека, според истражувањата, најголемиот дел од фирмите кои искористиле пари од Фондот покажуваат одлични параметри. Презентирајќи ги резултатите од повикот за кофинансирани грантови, откри дека 69 фирми ќе инвестираат во набавка на опрема, софтвер и енергетско-ефикасни решенија.

loading...