Деспотовски: За неполни 5 години Владата ја покачи минималната плата за 100%

од Берта Китинска

Официјално од март годинава околу 80.000 работниците ќе добиваат плата од минимум 18.000 денари.

Оваа одлука вчера беше соопштена по средбата во владата каде низ дијалог владини претставници и претставници од Сојузот на синдикати на Македонија и работодавачи дојдоа до заедничка одлука.

Директорот на ТИРЗ на својот Фејсбук профил вели дека изборното ветување од 2016 година на СДСМ е испорачано.

-За неполни 5 години Владата ја покачи минималната плата за 100%, пишувОва беше изборно ветување во 2016 година и драго ми е што се испорача.Апсолутно да за минимална плата од 18.000 денари, за да стигнеме до уште повисок раст. Треба да одиме понатаму, а државата има и капацитет и ресурси!, напиша Деспотовски.

Слични содржини