Детал кој објаснува како Кевин остана „Сам дома“

од Stefanija Kuzmanovska

Божиќниот класик „Сам дома“ за првпат беше емитуван пред триесет години. Мал е бројот на оние кои не го погледнале барем еднаш, ако не и повеќе од еднаш. И токму еден таков обожавател, тврди дека забележал важен детал од филмот, кој објаснува многу.

Имено, приказната за филмот „Сам дома“ е за осумгодишниот Кевин Мекалистер кој останува сам дома на Божиќ, кога неговото семејство оди на патување во Франција и случајно го остава зад себе. Покрај тоа што е целосно сам во големата куќа, пред него се раѓа и нов предизвик – двајца провалници кои сакаат да го ограбат.

Прашањето е како родителите навистина можеле да го заборават, а одговорот на тоа прашање, наводно, го има споменатиот обожавател кој тврди дека го гледал филмот повеќе од педесет пати.

Тој наведува дека одговорот е на самиот почеток, на сцената каде што се расправаат Кевин и неговиот постар брат, и случајно истураат пијалок на авионските карти и пасошите.

Таткото на Кевин влегува и го расчистува нередот со неколку хартиени салфетки кои потоа ги фрла во корпа за отпадоци. Во еден краток кадар беше прикажана содржината на корпата за отпадоци, а меѓу стутканите салфетки беше и картата на Кевин. Кога семејството беше на аеродромот, мајката ги преброила, а наместо Кевин, меѓу семејството се провлече мало момче кое си играше во нивна близина, така што бројот на членови на семејството се совпадна.

Тоа, според обожавателот, објаснува како успеале да го заборават и да не сфатат дека нивното дете останало дома.

„По 50-ти пат го гледам ‘Сам дома’ и никогаш не сум забележал дека во почетната сцена, кога има тепачка во кујната, картата на Кевин завршува во ѓубре. Кој би знаел?“, напиша еден корисник на Твитер и многумина се согласија со него.

Слични содржини