Детал од изгледот на Бред Пит на Оскарите за кој сите зборуваат (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Коментарите на сметка на појавата на славниот актер Бред Пит на овогодинешните Оскари не престануваат. Тој беше водител за категоријата најдобра споредна актерка, а носеше и класично црно одело. Тој стана главна тема на социјалните мрежи откако гледачите забележаа еден детал – имаше мал реп.

„Бред изгледа навистина добро, но мора да го отсече тој мал реп“, „Те сакам иако носиш мал реп“,  се само дел од коментарите на Твитер.

Бред Пит го додели Оскарот за најдобра споредна женска улога на 73-годишната Џун Јух-џунг. За време на нејзиниот говор, Џун флертуваше со Бред.

„Господине Бред Пит, мило ми е што конечно ве запознав. Каде бевте вие додека снимавме?“, ги насмеа актерката присутните во салата.

Слични содржини