Детали од нападот во Тирана: Убиено едно лице, сомничените побегнале со две возила

од Stefanija Kuzmanovska

Албанската полиција трага по четворица мажи, осомничени дека синоќа извршиле вооружен напад врз телевизијата „Топ чанел“ во Тирана и го убиле чуварот на зградата.

Нападот се случил еден час по полноќ, а во престрелката загинал Пал Кола (60), вработен во приватна фирма, која е одговорна за безбедноста на објектот.

Убиството се случило за време на снимањето на реалното шоу „Големиот брат“, а камерите ги снимиле учесниците кои слушнале рафал од калашникови и гласно ги коментирале истите.

По пукањето напаѓачите побегнале со украден „ренџ ровер“, а недолго потоа го запалиле возилото и исчезнале во непознат правец.

Албанските медиуми јавуваат дека чувар во делот на градот каде било запалено возилото, видел како четворица мажи излегуваат од возилото и побегнале околу 20 секунди откако го запалиле автомобилот.

Тој тврди дека осомничените побегнале со две возила, црн автомобил BWW и сиво Ауди.

Извори од истрагата тврдат дека безбедносните камери во зградата на телевизијата го снимиле целиот напад.

Слични содржини