Детали за iPhone Pro и сè ново од Apple до крајот на годината

од desk4

Ние сме на чекор од обновувањето на најважните производи на Apple непосредно пред почетокот
на најважниот период од годината – големата сезона за купување. Традиционално, изворите на
Марк Гурмет од „Блумберг“ имаат многу информации за тоа што подготвува американската
компанија, и тој е подготвен да ги сподели со нас, па подгответе се за многу детали, за еден куп
нови хардверски производи што ќе ги видиме во следните неколку недели.


Почнуваме со новото издание на iPhone, кое ќе излезе во септември и најверојатно ќе се најде на
пазарот во истиот месец. Повторно ќе видиме три паметни телефони – два од нив ќе го носат
зборот Pro во нивното име и ќе ги наследат iPhone XS и iPhone XS Max, а третиот уред ќе биде
наследник на iPhone XR. Главната карактеристика на iPhone Pro е новата тројна главна камера, која
ќе вклучува ултра широкоаголна леќа.

Сензорите ќе можат да сликаат три слики истовремено и да користат систем на вештачка
интелигенција кој ќе може да ја корегира конечната слика – на пример, ако некое лице случајно е
„исечено“ од некои од кадрите. Системот ќе може да фотографира со поголема резолуција и да
фотографира подобро во темница. Очекуваните опции за снимање видео се исто така достапни со
опција за ретуширање, примена на ефекти, корекција на бојата и прекадрирање на снименото.

Двата поскапи модели исто така ќе поддржат и обратно безжично полнење за снабдување со
електрична енергија на AirPods. Не се очекува промена во дизајнот и големината на екранот, но
некои од опциите за боја ќе бидат со мат покриеност. Уредите, исто така, вклучуваат нова
технологија што треба да ги направи поиздржливи на испуштање. Очекуваме уште нов Face ID
систем со поголемо поле на работа што ќе работи од повеќе агли, значително подобрена отпорност
на вода и подобрени OLED дисплеи без 3D Touch.

Наследникот на iPhone XR ќе добие втора камера со телефото оптика и подобрен режим на портрет.
Исто така, ќе биде достапен во зелена боја. Трите нови модели ќе го користат новиот чипсет А13,
кој ќе содржи посветен дел за справување со потешки задачи, со што ќе се ослободи процесорот.
Додатокот може да помогне со задачи како што се компјутерска визија и додадена реалност. Ниту
еден од новите телефони нема да има 5G можности, но такви се очекуваат следната година плус
големи камери со 3Д можности.
Што се однесува до iPad, Apple се подготвува да го надогради iPad Pro и поевтините варијанти на
таблети за училишна употреба. IPad Pro со 11 и 12.9-инчни дисплеи ќе добијат подобрувања како
iPhone со нови камери и побрзи процесори, но не очекувајте промена во дизајнот. iPad-от од ниска
класа ќе дојде со дисплеј од 10,2-инчи, што сугерира дека Apple веројатно нема да има нов модел
од 9,7-инчи, што ќе стави крај на оваа дијагонала во портфолиото на компанијата.

Apple Watch доби нов дизајн минатата година, затоа не очекувајте големи промени. Најголемите
додатоци ќе доаѓаат од watchOS 6, а ќе има и нови материјали за изработка на куќиштето, како
керамика и титаниум.

Apple ќе лансира и MacBook Pro со дијагонала на екранот од над 16-инчи, кој ќе има тенки рамки и
практично со големина на сегашните 15-инчни модели.

Следната година треба да видиме поскапа верзија на слушалките на AirPods, кои ќе бидат
водоотпорни и со подобрено потиснување на бучава.

Во почетокот на 2020-та ќе се појави поевтина варијанта на HomePod, која поради својата актуелна
висока цена, не се продава многу добро.

Слични содржини