Детали за масакрот во ФедЕкс: Убиецот е психички болен поранешен вработен

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружениот напаѓач кој во петокот уби осум лица во објект на ФедЕкс во Индијанаполис, а потоа се самоуби, е 19-годишник и поранешен вработен во компанија со историја на ментална болест, поради што минатата година завршил во притвор , изјавија во петокот полицајци и претставници на ФБИ.

Меѓу осумте убиени има и четворица членови на верската заедница Сики, дознава раководството на таа локална заедница.

Полициските службеници изјавија дека засега не можат да утврдат дали мотивите за крвавиот напад се расна или од етничка омраза. Уште неколку лица беа повредени и пренесени во локалните болници со сериозни повреди.

Инцидентот, последен во низата од седум крвави инциденти во САД во изминатиот месец, се случил во оперативниот центар на логистичкиот гигант на САД, ФедЕкс, во близина на меѓународниот аеродром во Индијанаполис, соопшти полицијата.

Нападот траеше само неколку минути и заврши веднаш штом полицијата пристигна на местото на настанот, рече началникот на полицијата Крег Мекарт на брифингот во петокот.

Пукал од паркингот па влегол во зградата. Потоа се самоубил

Очевидци изјавиле дека станува збор за за хаотичен напад, кога напаѓачот отворил оган од пушка на паркингот пред да влезе во зградата, каде исто така продолжил да пука, оставајќи ги зад себе жртвите пред и внатре во зградата. Полицијата го пронајде напаѓачот мртов, откако сам си пресудил.

Портпаролката на ФедЕкс и полицијата го идентификуваа напаѓачот како Брендон Хол, поранешен вработен кој работел таму есента 2020 година.

Шефот на полицијата рече дека сè уште не е јасно што го навело на нападот.

Според ФБИ, сторителот на нападот во март минатата година бил приведен од полицијата поради привремено ментално заболување откако неговата мајка пријавила во полиција дека може да се обиде да изврши насилно самоубиство. Тој беше испрашуван од ФБИ во април.

„Тогаш не беше воспоставена ниту една насилна екстремистичка идеологија мотивирана од расизам, но ловџиската пушка не му беше вратена“, велат од полицијата.

Масакрот во Индијанаполис е последен во низата вооружени напади што уште еднаш го ставија прашањето за вооружено насилство во центарот на политичкото внимание.

 

Слични содржини