Детали за масакрот во Цетиње (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Во пукотница се убиени повеќе од 10 лица меѓу кои има и деца денеска во Цетиње.

Извршител на злочинот е Вучко Бориловиќ (34 г.) од Цетиње. Најмалку едно лице е повредено во пукотницата која се случила во населбата Медовина. Медицински најпрво бил згрижен во болницата во Цетиње од каде е траспортиран во Клиничкиот центар во Подгорица. Неофицијално има повеќе повредени лица, а полицијата вооружена го чува клиничкиот центар.

Засега не е познато дали напаѓачот по извршениот злочин се самоубил или бил застрелан од полицијата.

Слични содржини