Детали за опасниот пожар во Карбинци: Спасени две лица, пеплосана нивната куќа

од Берта Китинска

Од Центарот за управување со кризи денеска информираат дека вчера во општина  Карбинци на терен од 15 до 21 часот биле 26 пожарникари со 4 возила и 15-тина жители од месното население кои помагале во интервенцијата.

-Причина за пожарот бил дефект во трафостаница од каде била зафатена сува трева, стрниште и една куќа. На лице место биле и 3 полицајци, кои интервенирале во евакуирањето на двајца жители од опожарената куќа (лица со посебни потреби). Куќата потполно изгорела, а било спречено пожарот да се прошири и на друга куќа, информираат од ЦУК.

Пожарот почнал брзо да се шири потпомогнат од ветрот, се проширил кон ожнеаните ниви, а било зафатено и необработеното земјиште коешто било обраснато со висока сува трева и нискостеблести деградирани растенија – грмушки.

Слични содржини