Детали за случајот во Табановце: Жената починала од повреди од остар предмет, нејзиниот сопруг имал прострелна рана

од Берта Китинска

Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.

Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот се предадени на обдукција.

Слични содржини