Детали за смртта на Ивана Трамп: Пронајдена мртва на дното од скалите

од Stefanija Kuzmanovska

Ивана Трамп почина на 73-годишна возраст откако беше пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк, неколку часа пред да треба да оди на закажан термин во фризерски салон.

Персоналот кој стигнал во нејзината резиденција и истражителите ја пронашле на дното од скалите во нејзиниот дом на Менхетен, непосредно пред 13:00 часот во четврток. Официјалната причина за смртта се уште не е потврдена.

„Беше многу тажен ден“, рече Ерик Трамп додека го напушташе домот на неговата мајка во близина на Централ Парк.

Ивана ги помина последните денови подготвувајќи се за долгоочекуваното патување во Сент Тропе во петокот и планираше да го посети својот редовен фризер на денот кога беше пронајдена мртва, изјави вработена во салонот за „Дејли Меил“.

Веста за смртта на Ивана прв ја сподели поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп преку објава на неговиот профил на Truth Social во четвртокот попладне.

„Со голема тага ги информирам сите оние кои ја сакаа, а ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, напиша тој.

Трамп имаше три деца со својата поранешна сопруга, со која се ожени во 1977 година и се разведе во 1992 година, а својата прва сопруга ја опиша како „убава, неверојатна“ жена.

Детективите веруваат дека Ивана Трамп починала откако паднала по скали, најверојатно поради болеста која ја има, изјави полициски функционер за „Дејли њуз“. Се верува дека смртта била ненадејна. Властите истражуваат дали срцев застој можеби имал улога во нејзината смрт, објави весникот.

Слични содржини