Детали за сообраќајката на автопатот Велес-Скопје: Пет возила учествувале во несреќата

од Nikola Popovski

Од МВР информираат дека пред еден час било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, се судриле пет патнички моторни возила. АМСМ утрово соопшти дека автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај.

„На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај“, се наведува во вонредниот извештај на АМСМ од 8:40 часот.

„На терен се излезени екипи од СВР Велес, се чекаат информации од местото на настанот. Засега нема информации дали има повредени лица во несреќата“, велат од МВР.

Слични содржини