Детали за сообраќајката на патот Охрид-Кичево (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Еден загинат и двајца тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

Педесет и двегодишен возач од Кичево С.И. го загуби животот во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Како што соопшти СВР Охрид, несреќата се случила вчера во 18:05 часот, кога дошло до судар на патничко возило „фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И., и товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.М. од скопското село Долни Сарај.

– На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „фолксваген бора“, 40-годишниот Д.К. од Кичево, и возачот Б.М., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот, информираат од СВР Охрид.

Слични содржини