Детали за сообраќајката во Бугарија: Автобус од Косово се судри со камион полн дрва кај Ќустендил (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се превезувале, се судрил со камион во градот Ќустендил, пренесе „Клан Косова“.

Несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на патот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница.

Слични содржини