Детали за ТЕШКАТА НЕСРЕЌА на голманот на ПСЖ: Доживеа мозочен удар и има скршени пршлени на вратот

од Stefanija Kuzmanovska

Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико е хоспитализиран во „тешка состојба“ по несреќата на јавање во Андалузија, објави во неделата францускиот прволигаш. „Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на ПСЖ, без да даде детали за околностите на несреќата.

По несреќата, Рико со хеликоптер бил префрлен во болницата „Вирген дел Росио“ во Севиља, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот.

Шпанскиот портал Relevo сега пишува за детали за несреќата. Се вели дека Рико имал скршени пршлени на вратот и доживеал мозочен удар откако паднал на земја и бил удрен од копито во главата.

„Следните 48 часа се клучни и се сметаат за одлучувачки за проценка на неговата состојба“, се вели во соопштението.

Во саботата вечерта во Стразбур, Рико беше на клупата на мечот на кој ПСЖ стана шампион на Франција, а во неделата наутро веќе беше во Андалузија, каде ја доживеа оваа несреќа додека возеше во близина на својот дом во Ел Росио, во покраината Хуелва, според истите медиуми.

Тој пристигна во ПСЖ во 2019 година од Севиља и одигра 24 натпревари за парискиот клуб.

Слични содржини