Детали за трагедијата во Грција: „Не ги послушал предупредувањата, сакал да направи селфи“

од Stefanija Kuzmanovska

Британецот Џек Фентон (22) загина во страшна несреќа во Грција кога бил искасапен од пропелер на хеликоптер, најверојатно затоа што се обидувал да направи селфи.

Според грчките истражители, момчето се стрчало кон пистата, и покрај предупредувањата да не го прави тоа.

Несреќата се случила вчера околу 18:20 часот во Атина откако 22-годишно момче кое допатувало од Миконос со своите тројца пријатели тргнал да го обиколува хеликоптерот „Бел 407“ додека моторот сè уште бил вклучен.

Според истражителите, по слетувањето, тој не ги послушал предупредувањата и почнал да се враќа на пистата без придружба, иако пропелерите на авионот сè уште не застанале.

– Сите четворица патници се симнаа и беа придружувани во приватен салон чекајќи приватен лет за Лондон – изјави Јоанис Кандилис, претседател на грчкиот комитет за воздушни несреќи, кој го истражува инцидентот, додавајќи дека жртвата потоа се оттргнала и потрчала назад на пистата.

– Сведоците со кои разговаравме рекоа дека го држел телефонот на увото и дека брзо тргнал кон авионот, пркосејќи му на екипажот кој му викал „Застани!“, Стој! За неколку секунди се случи трагична несреќа. Беше страшно- рече тој.

Според локалните медиуми, причината за неговото враќање на пистата бил обид да направи селфи.

Итната помош била повикана на приватен хелиодром на периферијата на грчката престолнина, но се верува дека младиот човек починал на местото на настанот.

Кандилис рече и дека поради несреќата го пренасочиле приватниот хеликоптер на неговите родители и ги советувале да слетаат на меѓународниот аеродром во Атина.

– Немаше шанси да ги принудиме да слетаат на приватниот аеродром (во Пајанија), со асфалтот покриен со посмртните останки на нивниот син – додаде тој.

Тој рече дека пилотот и двајцата членови на копнениот екипаж на приватниот хелиодром во Пајанија, североисточно од Атина, сведочеле пред обвинителите, давајќи и детални извештаи до комитетот што ги истражува причините за несреќата.

Инспекторите велат дека биле почитувани сите безбедносни прописи кога хеликоптерот „Бел“ слетал и ги симнал четворицата патници.

Воздухопловните прописи налагаат слетувањето да се изврши или кога роторите на хеликоптерот се целосно запрени или придружувани од екипажот, велат истражителите, додавајќи дека во овој случај се користени и левата и десната врата и дека сите патници се придружувани на безбедно.

Трагедијата се случи после тоа, вели Кандилис.

Тој наведува и дека телефонот на Џек бил земен со цел да се истражи со кого разговарал во моментот на несреќата и причините што го навеле да отиде до хеликоптерот.

„Атина Опен ТВ“ објави дека е можно жртвата да „зборувала или се обидувала да направи селфи кога се случила несреќата“.

Родителите на Фентон следеа со друг хеликоптер на приватен чартер лет од Миконос до Атина додека се враќаа дома во Велика Британија по нивниот одмор.

Пилотот кој слетал и бил очевидец на шокантниот инцидент преку радио врска со својот колега го предупредил за тоа што се случило, пишува „Дејли Мејл“.

Слични содржини