Дете на 11 години е најмладиот пациент со рак на кожа во Македонија

од Берта Китинска

Најмладиот пациент со рак на кожа има 11 години.

Како што информираше директорката на Скопската Клиниката за дерматологија д-р Сузана Николовска претходно детето го лечело доктор кој не е дерматолог со друга дијагноза, но за среќа младиот пациент по нивното лекување е во добра задравственна состојба.

-Промените кои што се како ранички што не заздравуваат, темна пигментирана промена која што е нова, бемка која што се променила по димензии и боја, некоја промена што ви прави непријатно чувство, се тоа знаци кога вие треба да се јавите на дерматолог, вели докторката.

Д-р Николовска алармира дека инциденцата на кожниот рак е во пораст, па граѓаните ако забележат било каква промена на кожата или поромена кај бемките да се јават на кожен лекар.

Слични содржини