Детектирана мала радијација по експлозијата во Северна Кореја

од desk2

Јужна Кореја соопшти дека пронашла мала количина радиоактивен елемент во примероците воздух кои се собирани по најновата нуклеарна проба во Северна Кореја.


Комисијата за нуклеарна сигурност соопшти дека откриениот изотоп зенон-133 поврзан е со тестот на атомската бомба кој Северна Кореја го изврши на 3 септември.

Комисијата соопшти дека не може да верификува прецизно за кој вид атомска бомба станува збор, бидејќи не се пронајдени останати изотопи кои вообичаено ја следат нуклеарната експлозија.

Во соопштението се додава дека пронајдениот радиоактивен изотоп укажува на плутониумска или ураниумска бомба. Комисијата напоменува дека не пронашла траги од трициум, кој се појавува по тест со хидрогенска бомба.

Пјонгјанг од друга страна пак, тврди дека тестирал хидрогенска бомба.

Слични содржини