Децата може да бидат изложени на поголем ризик од новиот вид на коронавирус

од Nikola Popovski

Децата можеби се изложени на поголем ризик од заразување со новиот вид на коронавирус, тврди научник кој е советник на британската влада.

Професорот Нил Фергусон, епидемиолог од Империјал колеџот во Лондон и член на советничка група на британската влада, рече дека постои навестување дека децата, кои досега биле најмалку погодени од пандемијата, ќе бидат поподложни на новата, мутирана варијанта на коронавирус.

Тој рече дека е можно новиот вид на вирусот, наречен Б.1.1.7, да се проширил во текот на ноември, кога децата сè уште одеа на училиште. Ова може да значи дека децата се подложни на пренесување на оваа нова, мутирана форма на коронавирус.

Сè уште нема доволно докази што покажуваат дека теоријата за децата е точна, вели професорот Фергусон, но тоа е сосема можна хипотеза. Открил дека бројот на случаи на лица на возраст под 15 години е значително поголем отколку порано од статистичка гледна точка, но тој не ги откри точните бројки.

„Постои навестување дека мутираната форма на вирусот има поголема склоност да ги заразува децата. Тоа може да објасни некои разлики во бројките, но ние не утврдивме каузалност“, рекол тој.

Професорот Фергусон додава дека ако се утврди дека оваа хипотеза е точна, тоа би можело да го објасни значителниот удел во зголемувањето на преносот на новиот вид на вирусот.

Научниците веруваат дека новиот вид на вирусот, за кој веќе се вели дека е „надвор од контрола“, е заразен помеѓу 50 и 70 проценти повеќе од претходниот доминантен вид, но тие не веруваат дека е поубиствен или предизвикува некои посериозни болести кај возрасни или деца.

Двата најрани примероци на мутиран вирус беа собрани на 20 септември во Кент, а другиот следниот ден во Лондон. До средината на декември имаше повеќе од 1.000 случаи во скоро 60 различни места низ Англија, иако реалниот број ќе беше поголем. Претежно се наоѓа на југоистокот на Англија, во Кент и Лондон.

До средината на ноември, 28 проценти од случаите во Лондон се припишуваат на новиот вид. И во неделата што започна на 9 декември, тој бил одговорен за 62 проценти од новите случаи.

Слични содржини