Децата се се помалку физички активни, особено девојчињата

Нивото на физичка активност на децата е значително намалено за време на основното образование, покажала студијата на научниците од универзитетот Бристол.

Таа посочува дека времето поминато, на деца на возраст од шест до единаесет години, во физичка активност од година во година е помалку за 17 минути, пренесува Би-Би-Си.

Студијата ја набудуваше физичката активност на 2.132 деца од 57 основни училишта во Југозападниот дел на Англија од 2012 до 2018 година. Децата носеа специјални уреди кои ја мереа нивната физичка активност во текот на пет дена неделно.

На овој начин, научниците се здобиле со прецизна слика колку минути на ден децата биле физички активни, но и за тоа дали нивните активности биле умерени или интензивни, односно доволни за малку да се задишат и испотат.

Студијата финансирана од Британската фондација за срце покажува дека 61 процент од децата се вклучени во најмалку еден час дневна физичка активност во текот на нивната прва година од следењето.

Но, до шестгодишна возраст, само 41 процент од нив ја продолжија истата активност. Физичката активност особено се намали кај девојчињата, поточно од 54 на 28 проценти до завршувањето на основното училиште.

“Забележавме значителна разлика во нивото на физичка активност кај момчињата и девојчињата на возраст од шест години. Во споредба со момчињата, девојчињата вежбаа многу помалку и поминуваа повеќе време во седење во работните денови и викендите”, се вели во студијата.

Студијата исто така покажа разлики во индексот на телесна маса по единаесетгодишна возраст.

На пример, дете кое имало поголема килажа на шест години и останало такво до единаесетгодишна возраст, имало интензивна физичка активност десет минути пократко, за време на работните денови, на 11-годишна возраст отколку здраво дете на возраст од шест и единаесет години.

„Развивањето на рани стратегии за да им се помогне на децата да ги одржат нивоата на физичка активност може да вклучуваат програми за училишна активност, со фокус на учество во некои популарни спортови и ставање поголем акцент на промовирање на активности за време на викендот“, рече Јаго.

Добро е познато дека дебелите деца често остануваат дебели во зрелоста, поради што се изложени на зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, како и дијабетес тип 2 и висок крвен притисок подоцна во животот.

Резултатите од истражувањето беа објавени во International Journal of Obesity.

Слични содржини