Детска клиника постави монтажна амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот меѓу најмладите пациенти

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека Детска клиника поставила монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот меѓу најмладите пациенти.

„Амбулантата е донација од Македонски Телеком, во која ќе може да се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Тука има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Институтот за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

Детска клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот меѓу најмладите пациенти. 🙏…

Публикувахте от Венко Филипче в Четвъртък, 16 юли 2020 г.

Слични содржини