Девет деца се убиени во новите напади врз појасот Газа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Израелските одбранбени сили потврдија дека воените авиони го гранатирале тунелот Хамас во Газа. Израелски дрон истрелал ракети врз група луѓе источно од Бејт Ханун во Газа. Најмалку 20 Палестинци, вклучително и девет деца, биле убиени.

Израелските одбранбени сили потврдија дека воените авиони синоќа го гаѓале тунелот Хамас во Газа.

Најмалку 20 Палестинци, од кои девет се деца, биле убиени порано денес во првиот напад на Израел врз Појасот Газа, се вели во соопштението на Министерството за здравство на палестинската енклава. 65 лица биле повредени.

Израелски дрон истрела ракети врз група луѓе на истокот од Бејт Ханун. Нападот бил одговор на еврејската држава на лансирањето ракети кон Ерусалим. Според израелската армија, биле истрелани 45 ракети.

Слични содржини