ukraine-crisis

Чешката Армија денеска со специјални авиони ќе транспортира девет пациенти, кои се болни или повредени во воениот конфликт во источниот дел на Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, седум возрасни и две деца, кои се дел од хуманитарниот проект „Медевак“, ќе се лекуваат во болници во Острава и во чешкиот главен град.

Повредените се со изгореници, ортопедски или кардиохируршки проблеми.

Чешка и минатата година прими на лекување неколку десетици пациенти од Украина.

Слични содржини