Петер Превц е чекор поблиску до титулата од Светскиот куп во ски-скокови, откако победи во норвешкиот Трондхајм по деветти пат оваа сезона.

prevc-peter-160116

Со скоковите од 135 и 132 метри, тој собра 285.5 поени, победувајќи го Австриецот Штефан Крафт, додека трет беше Јапонецот Нориаки Касаи.
Крафт имаше скокови од 135 и 131.5 метри за 273.2 поени, додека ветеранот Касаи имаше огромен втор скок од 143 метри, со 127 метри во првата серија за 266.8 поени. Топ 5 го комплетираа Австриецот Михаел Хајбек и Јапонецот Даики Ито.
Превц има огромна предност од 443 поени пред Германецот Зеверин Фројнд (кој беше десетти), додека трет со 554 поени помалку е Норвежанецот Кенет Гангнес.

Слични содржини